Контрадикции во библијата - Прв дел






Голем број на христијани денеска свесно или несвесно и покрај укажувањата на голем број истражувачи на Библијата кои наведуваат цврсти докази дека денешната Библија претрпела голем број на измени и искривувања, се обидуваат да докажат дека Библијата е директен Божји збор.Оваа изјава е во целосна контрадикција со реалноста која ја согледуваме во самата Библија. Мора да се земе в предвид дека Библијата има голем број цитати кои укажуваат на вистината, но дека ние самите не сме способни да тоа го изведеме, ниту да го протолкуваме без да имаме некој текст со кој би ја споредиле. Во следниве редови ќе се обидеме да тоа го докажеме со факти. Добредојдени се сите оние кои барем за миг ќе ни ги објаснат наведените контрадикторности. На секоја одговорена контрадикторност, ќе додадам уште три нови. Се надевам дека нема некој ова да го гледа како навреда, туку како простор за размислување и менување на ставовите кои не соодејствуваат со реалноста.

1.Кој го иницираше Давид да ги брои луѓето способни за борба:
• Сатаната (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:1)
• Бог (Втора Книга Царства 24: 1)

2. Во тоа броење колку луѓе способни за борба имаше во Израел:
• 800000(Втора Книга Царства 24:9)
• 1 милион ,100 000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:5)

3.Колку луѓе спремни за борба имаше во Јудеа:
• 500 000 (Втора Книга Царства 24:9)
• 570 000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:5)

4. Бог испрати пратеници да се заканат со глад со колку години?
• седум (Втора Книга Царства 24:13)
• три (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:12)

5. Колку беше стар Охозиј кога почна да владее со Ерусалем?
• 22 (Четврта Книга Царства 8:26)
• 42 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 22:2)

6. Колку беше стар Јехониј кога стана крал на Ерусалем:
• 18 (Четврта Книга Царства 24:8)
• 8 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 36:9)
7.Колку долго владееше тој со Ерусалем?
• 3 месеци (Четврта Книга Царства 24:8)
• 3 месеци и 10 дена (Втора книга Паралипоменон -Летописи 36:9)

8. Заповедникот на моќната армија на Давид го фрли копјето и колку луѓе уби?
• 800 (Втора Книга Царства 23:8)
• 300 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 11:11)

9. Кога ја донесе Давид Арката на верност? Пред или по победата на Палестинците?
• после (Втора Книга Царства 5 и 6)
• пред (Прва книга Паралипоменон -Летописи 13 и 14)

10. Колку парови чисти животни му рече Бог на Ное да качи на Арката?
• два (Прва Книга Мојсеева 6:19, 20)
• седум (Прва Книга Мојсеева 7:2). Но и покрај последната инструкција, пак само два пара се качиле на Арката. (Прва Книга Мојсеева 7:8-9)

11. Кога Давид го победи Адраазара, колку коњаници зароби?
• 1700 (Втора Книга Царства 8:4)
• 7000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 18:4)

12. Колку штали за коњи имаше Соломон?
• 40 000 (Трета Книга Царства 4:26)
• 4000 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 9:25)

13. Во која година на јудејскиот цар Аса , Васа, кралот на Израел умре?
• 26 години (Трета Книга Царства 15:33 - 16:8)
• сеуште жив со свои 36 години (Втора книга Паралипоменон -Летописи 16:1)

14. Колку надзорници назначил Соломон за градењето на храмот?
• 3600 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 2:2)
• 3300 (Трета Книга Царства 5:16)

15.Соломон изградил објект со колку купатила?
• 2000 (Трета Книга Царства 7:26)
• преку 3000 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 4:5)

16. Колкумина од ослободените Израелци од Вавилонско ропство биле Фат-Моавови?
• 2812 (Прва Книга Ездра 2:6)
• 2818 (Книга Неемија 7:11)

17. Колку од нив биле синови Затуеви?
• 945 (Прва Книга Ездра 2:8)
• 845 (Книга Неемија 7:13)

18.Колку од нив биле синови Авгадови?
• 1222 (Прва Книга Ездра 2:12)
• 2322 (Книга Неемија 7:17)

19. Колку од нив биле синови Адинови?
• 454 (Прва Книга Ездра 2:15)
• 655 (Книга Неемија 7:20)

20. Колку од нив биле синови Асумови?
• 223 (Прва Книга Ездра 2:19)
• 328 (Книга Неемија 7:22)

Comments