21.Колку биле синови од Ветил и Гај?
• 223 (Прва Книга Ездра 2:28)
• 123 (Книга Неемија 7:32)
22. Ездра и Неемија се сложуваат дека вкупниот број на целиот собир бил 42 360. Но бројките не се ни приближно тие.
• 29 818 (Ездра)
• 31 089 (Неемија)
23. Колку пејачи го придружувале тој собир?
• 200 (Прва Книга Ездра 2:65)
• 245 (Книга Неемија 7:67)
24.Како беше името на мајката на кралот Авија?
• Михаја, ќерка на Уриел од Гаваон (Втора книга Паралипоменон -Летописи 13:2)
• Маха, ќерка на Авесалом (Втора книга Паралипоменон -Летописи 11:20) па имал само една ќерка под име Тамар (Втора Книга Царства 14:27)
25. Дали Исус Навин и Израелците го опседнале Ерусалим?
• Да (Книга Исус Навин 10:23, 40)
• Не (Книга Исус Навин 15:63)
26. Кој беше таткото на Јосиф, мажот на Марија?
• Јаков (Евангелие по Матеј 1:16)
• Илиев (Евангелие по Лука 3:23)
27. Од кој син на Давид води потекло Исус?
• Соломон (Евангелие по Матеј 1:6)
• Натан (Евангелие по Лука 3:31)
28. Кој беше татко на Салатиил?
• Јехонија (Евангелие по Матеј 1:12)
• Нир (Евангелие по Лука 3:27)
29. Кој син на Зоровавел е предок на Исус?
• Авиуд (Матеј 1:13)
• Риса (Лука 3:27) Но седумте сина на Зоровавел се:
Мосолам, Ананија, Асувеј, Оел, Варахија, Асадија и Асавед (Прва книга Паралипоменон -Летописи 3:19, 20).. Не постојат ниту Риса ниту Авиуд.
30. Кој беше татко на Озија?
• Јорам (Матеј 1:8)
• Амасија (Втора книга Паралипоменон - Летописи 26:1)
31.Кој беше татко на Јехонија? –
• Јосија-Јоаким бил (Матеј 1:11)
• Јехолаким (Прва книга Паралипоменон - Летописи 3:16)
32. Колку генерации поминале од егзилот од Вавилон до Христа:
• Матеј вели 14 (Матеј 1:17)
• Но внимателното броење покажува 13 (Матеј 1:12-16)
33. Кој беше татко на Салин:
• Каинан (Лука 3:35-36)
• Арпфаксад (Битие 2:12)
34. Дали Јован Крстителот е Илија кој е најавен да дојде?
• Да (Матеј 17:10-13)
• Не (Јован 1:19-21)
35. Дали Исус ќе го наследи престолот на Давид?
• Да - така кажал ангелот (Лука 1:32)
• Нема, бидејќи е наследник на Јоаким (Матеј 1:11, Прва книга Паралипоменон - Летописи 3:16)
А Јоаким е проколнат од Бога никој од неговите наследници неможе да седи на престолот на Давид (Јеремија 36:30)
36. На колку животни јаваше Исус кон Ерусалем?
• Една – ждребе (Марко 11:7, Лука 19:35)
• две (Матеј 21:7)
37. Како Симон Петар откри дека Исус е Христос?
• преку небеската објава (Матеј 16:17)
• Неговиот брат Андреј му кажа (Јован 1:41)
38. Каде Исус прв пат се сретна со Симон Петар и Андреј?
• Кај Галилејското Езеро (Матеј 4:18-22)
• На брегот на реката Јордан (Јован 1:42). Дури после тоа Исус реши да отиде до Галилејското Езеро (Јован 1:43)
39. Кога Исус го сретнува Јаирус, дали ќерка му била веќе мртва?
• Да (Матеј 9:18) каде вели дека ќерка му само што умрела.
• Не (Марко 5:23 ) каде што вели дека ќерка му е пред смрт.
40. Дали Исус им дозволуваше на апостолите да носат нешто со себе при патувањата?
• Да (Марко 6:8)
• Не (Матеј 10:9, Лука 9:3)
Comments
Post a Comment