Контрадикции во библијата - Трет дел





41. Дали Ирод мислеше дека Исус е Јован Крстител?

- Да (Матеј 14:2, Марко 6:16)

- Не (Лука 9:9)

42.Дали Јован Крстителот го признаваше Исус пред крштевањето?

- Да (Матеј 3:13-14)

- Не (Јован 1:32)



43. Дали Јован Крстителот го признаваше Исус после крштевањето?

- да (Јован 1:32)

- не (Матеј 11:2)



44.Според евангелието на Јован, што вели Исус за носењето на сопствено сведоштво?

-„Ако јас сведочам сам за себе, сведоштвото мое нема да биде вистинско“. (Јован 5:31)

- „Макар што сведочам сам за себе, моето сведоштво е вистинско...“. (Јован 8:14)



45. Кога Исус влезе во Ерусалем, дали го исчисти храмот истиот ден?

- Да (Матеј 21:12)

- Не - нестори ништо, туку дури утредента (Марко 1:1-17)



46. Евангелието кажува дека Исус се налутил на едно дрво од смоква кое му се испречило на патот. Дали по проколнувањето веднаш се исушило?

- Да (Матеј 21:19))

- Не. Се исушило преку ноќ. (Марко 2:20)



47. Дали Јуда го бакна Исус?

- Да (Матеј 26:48-50)

- Не. Јуда неможеше да му пријде на Исус за да го бакне. (Јован 18:13)



48. Што рекол Исус за негирањето на Петар?

- „...нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од мене.“ (Јован 13:38)

- „...пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од мене. (Марко 14:30)

- петелот два пати не запеа, трите негирања не беа сеуште (Марко 14:72) - Предсказанието пропаднато.



49. Дали Исус си го носеше својот крст?

- Да (Јован 19:17)

- Не (Матеј 27:31-32)



50. Дали Исус умре пред да биде искината прекривката на храмот?

- Да (Матеј 27:50-51)

- Не. Пред да биде искината завесата Исус извика: „ Оче, во твои раце го предавам својот дух! И штом го рече тоа издивна.“ (Лука 23:45-46)









Сите следбеници на Исламот се слагаат дека вистинската Тора и Евангелие, објавени од Аллах џ.ш. на Мојсие и Исус а.с. не се оние што денес се насловени како Стар и Нов Завет, бидејки под тоа име не се објавени во чесниот Куран, затоа што денешната Тора има три, а Евангелието четири различни признати верзии, а Возвишениот Аллах објавил само една Тора на Мојсие а.с. и само едно Евангелие на Исус а.с..

Оној кој ги порекнува Тората и Евангелијата споменати во чесниот Куран е неверник и отпадник од Исламот.

А оној кој ги порекнува приказните, преданија и подметнувања, кон Аллах и на Неговите чесни веровесници, што се наоѓаат во Стариот и Нов Завет (Светото Писмо) не е неверник и не испаѓа од рамките на Исламот.

Напротив, да ги обелодени искривувањата што се наоѓаат во нив, должност е на секој проучувач, за да се разликува Боженственото, од оноа што на Неговата Возвишеност не му прилега, и ја сочува честа на Божјите веровесници од нивни клеветења, како што е случајот со Лот ,Исус, Давид,Соломон и др.



Во Јован(4/19-23) стои во разговорот кој го води Исус со Самаријанката:



19. Жената

Му одговори: <Господи, гледам дека си Ти пророк.

20. Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие

велите дека во *Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме."



21. Исус рече: <Жено,

верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот.

22. Вие му

се клањате на она, што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

23. Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на

Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат.



Што мислите кое е тоа место за кое што збори Исус. Кое е тоа најголемо место каде луѓето денеска во чистотија и покорност му се клањаат на Единиот Бог цели 14 столетија без да биде нарушен мир и без да нема ден а Бог да не се слави и велича со илјадници гласови и покрети.Славен нека Аллах, Нему Му нема ништо рамно.И само Него Го обожуваме.



Продолжува...

Comments