Ѓаволот во јудејско-христијанската традиција(Прв дел)




Јудејско-христијански поим на ѓаволот(Прв дел)




Културите на Египет, Месопотамија им предходат на културите на Грците и Еврите а со тоа имаат влијаније на јудеско-христијанскиот поим на ѓаволот. Смртта, болеста, лагата, измамата, сето тоа го разорува природниот поредок и сето тоа е зло. Злото ја разорува таа хармонија на правичност во космосот и тоа го врши човек поединец. Најважниот објект на египетското обожување било Сонцето, а исто така паганите го прикажувале космичкиот бог како бик, и од тука од древниот космички симбол на богот Сонце прикажан со рогови , опаш , со копита и вила низ столетијата се реинкарнирал ликот и симболот на ѓаволот кои ги има сите наведени обележја. Злото во египетската митологија има место во подземниот свет каде што се казнуваат одговорните за зло, и тоа место се нарекувало Тартар. Во Тартарот се одговара за живниот век проведен на земјата. Душите на мртвите на вагата ги мери нивниот бог Анубис со глава на шакал. Праведниците живеат вечно додека грешниците кои што ја нарушиле хармонијата се фрлаат на мака за да на крајот ги проголтаат демоните или огнот на богот Ре. Душите на мртвите ги мачат духови или нивните божества(богови), а не самото зло во вистинската смисла. Како бог на злото во стариот египет се појавува под името Сет кој е лош и „моќно“ божество, кој се користел со волшепство за да ги оствари своите цели. Алберт Черчворд тврди: „Сет према Клутах е египетското име на Трифон т.е сотоната во христијанската догматска култура.“ Тоа го тврдат и Ворд Ј. А во „сатанската библија“ која што ја напишал Антон Лавеј, основачиот на првата сатанска црква во списокот на имињата на сотона се впишува и Сет. На втората страница од таа библија Сет се опишува како египетски ѓавол. Истотака Сет ги добива и имињата „Ѓаволот на темнината“, „Принцот на темината “ и „господарот на подземјето.“ Во Египет, Сет представува северен сув дел од Египет, додека Хорус ја преставува црната земја и плодоносната река Нил. Црвената боја е бојата на злото и непријателска боја која пржи. Сет е персонификација на ѓаволот и во Ригведите најстариот хиндуски запис стои: „И би темнина во почеток, сама темница со темница обвиена и се лежеше во мрак ништо не беше осветлено“, а во книгата Битије првата книга на Мојсије се вели: „А земјата беше без облик и пуста и беше темнина над безна.“ Тој бескраен црн хаос е лош , и тој мора да се замени за да можат луѓето да постојат. Кога знаеме дека Создатеот на се, Бог, пак во основа е добар, тешко се прифаќа дека на луѓето им наменил болка и страдања. Оттаму потекнува и тежнеењето да се востановат два принципа: доброто и злото. Оваа мисла потекнува уште од Персија. Заратустра, реформатор на маздаизмот потенцирал вечен судир помеѓу Ормуост(добар-олицотворение на доброто) и Ахриман(олицотворение на злото) и по тоа учење Ахриман бил господар на пеколот и имал шест ѓаволи и не бил вечен. На денот на победата Ормуост отворил книга во која што биле запишани делата на смртниците за да им се суди према тоа. Избраниците што се спротиставиле на Ахриман како награда стапиле во светлосен рај. Во најрана доба индо-иранската религија имала две врсти на божества Асуре(Индија) и Јахуре(Персија). Евреите поради судирот со маздаистите имале меѓусебни контакти , и на евреите постепено почнале да влијае заратустрината дуалистичка конструкција. Сето тоа е во складот со етимологијата на зборот „хашатан“ кој на еврејски значи ѓавол ; а ѓаволот е непријател или противник. Како таков се појавува во историја во книга „кралеви“, а прв пат како сопствено име се појавува во книгата на Јоб, каде го оптужуваат за страдањето на човештвото. Захарије го нарекува зол ангел, тужител и клеветник. Христијаните своите демони ги направиле од грчките и римски божества, а божествата од Олимп се преобразени во зли духови. Што повеќе се множеле книгите на Стариот завет злото било се поприсатно. Кога монотеистичките религии почнале да се шират ѓаволот не чекал долго за да поприми друг облик. Андре Шураки напишал: „Господарот на темнината располага со широка лепеза на имиња , презимиња и особини. Тој помеѓу останатото е: Адам на злото, лажливец, лудак, насилник, расипник, крвник, олицотворение на бесчастието, заводник на душите, оној што го куди Бог, мачител на луѓето, бунтовник... со агресивен поглед, со зло срце, водач на злите духови и завојувачи“ Најпрецизна генеологија на ѓаволот може да се најде во апокрифните книги како што е книгата на Енох, гностичките традиции, талмудската, рабинската и кабалистичката традиција. Најраспространетиот култ во римското царство бил култот на Митра. Митраизмот е мистериска религија практицирана во Римската империја, најраширена во Рим и Остиа, Мауретанија, Британија, и долж реките Рајна и Дунав. Митраизмот се смета за еден од правците кои влијаеле многу врз христијанството и хиндуизмот.
Римјаните се соочиле со обожување на божеството Митра како дел од Зороастрионизмот посебно во источниот дел на Империјата, односно во Мала Азија.
Постојат многу малку пишани документи за оваа религија која била пред се машка религија и жените биле исклучени од членство.
Учењето кое го пропагираше оваа религија пред се беа таинствени и не беа достапни за сите.
Значи религија која доктирната на персиските магионичари ја споила со доктирината на култот на плодноста, односно према средишниот нивен мит, на челото на светот е Ајон – вечното време. Ајонот ги создава небото – машкото начело, а земјата е женското начело или јунон. Митриниот култ содржи елементи што подоцна се вклопиле во поимите на еретици и вештици, но за разлика неговите поклоници биле исклучително машки. Тие тајно се состанувале ноќе и се собирале по пештери и гробници. Кога култот се проширил и обогатил тие места се претвориле во пространи митреуми – Светилишта на Митра. Таму тие приредувале магиски обреди. Главен обред бил принесување на бик како жртва, а неговата крв текла по новиот член кој симболично го воведувала во сектата. Темнината, факелот, состаноците под земја, животинските жртви и обредната гозба биле обележја на мистичните и религиозни неопитагорци во Рим и на другите места. Факелот означувал смрт и воскресение, а пештерата плодност. Стотици години лидерите на Римската империја го обожувале божеството Митра. Во самиот Рим стотици предмети кои биле наменети за Митра се најдени, преку 75 скулптури и голем број храмови на Митра врз кои се изградени денешните цркви.Еден од најголемите Митрејски храмови изградени во Италија сега се наоѓа под Црквата Свети Клемент, покрај Римскиот Колосеум. Сите описи укажуваат дека овој бог станал од мртвите, односно според некои , Митра умрел, бил закопан во пештерска гробница, и од таму бил воскреснат.(Ова е она што денес христијаните го веруваат и за Исус)

Во повеќето опшества смртта се смета за зло, најголемото природно зло и во средниот век често може да се сретне како Смртта е представена како човек со коса, посебно од христијанските иконографи, која доста наликувала, на богот харун кој носи кука. Интересно е дека во „септуагинта“ добрите духови се нарекуваат ангели, а злите демони. Демоните значи се спојуваат со ѓаволот така што му позајмуваат свои обележја . Ангелите бунтовници безусловно се потчинуваат на сотоната. На средовековните слики може да се приметат трагите на хермосовите ножни крила, а змиите ги поврзуваат со хидр , тифон и горгон. Обележјата на јарецот и магарето го поврзуваат со дионис, со божеството пан и харун, а сличноста им е носот во облик на клун, искривени усни и модра боја на лицето. Према христијанските учењаци библијата е вистинита и таа не води кон вистината и господ. Разумот треба да се сообрази со библијата, а не обратно. Филон Александриски кој живеел (од 20 до 40 година во нова ера) во толкувањето на библиските текстови вовел алегориска метода која подоцна влијаела на еврејската и христијанската мисла. Тој успеал да грчката и еврејската мисла ги синтетизира на начин кој што подоцна го подржале христијанските апологети и црквените афторитети. – Јас кој создавам светло и правам мрак(книга на пророк Исаија 45:7) така вели бог во еврејската вера дека Јехова создал се и на небото и на земјата и добрлото и злото. Во неа ѓаволот не постоел. Еврејскиот поим на ѓаволот се развивал постепено од многу различни извори за да биде отцртан поимот на Јахве. Меѓутоа фактот дека во Стариот завет поимот на ѓаволот не се развил во потполност, не е причина да еврејската и христијанската теологија го отфлат постоењето на ѓаволот, бидејќи разбирањето на вистинитоста на некој збор или некој поим мора да се најде во нејзината првобитна најрана форма била често генетичка заблуда. Зошто ѓаволот ако го дефинираме како олицотворение на злото во секоја култура кој што потекнува од грчкиот израз дијаболос кој што на еврејски значи сатан , тогаш еврејскиот сатан е само една врста од ѓаволите. Доколку се позабавиме со поимот на ѓаволот во еврејската религија од стариот завет преку апокалиптичката и кумранската книжевност, тогаш мора да ги изнесеме следните факти за стариот завет. Тој бил составуван во долг период од 900-тата до 100тата година пред новата ера. Многу негови книги се запишувани во облик кој што постојат и денес за време на „прогонот во Вавилон“. За времето на Вавилон и после него за време на 500 г.п.н.е.и во нив се видливи трагите на вавилонското , иранското и грчкото влијание. Иако ни изворите ни датумите на повеќето книги од Стариот завет не се утврдени , додека апокрифите се исклучени од еврејскиот канон на Стариот завет . расправиите околу тоа кои од овие свети книги се надахнати, а постојат и денес, настанале уште во четврто столетие пред новата ера, а еврејскиот канон својот конечен облик го добил дури во првото столетие на новата ера. Во меѓувреме светите книги се преведени на грчки и тој превод е завршен околу 250година п.н.е во Александрија. Тоа дело што го приредиле 72 еврејски рабини работено со столетија се нарекува „септоагинта“ и таа содржила голем број книги кои на крај биле исфлрени од еврејскиот канон. Од страдањето на еврејскиот народ во тој период потекнала и книжевноста што се нарекува апокалиптична. Списите од кои што некои ги оцениле како канонски се состоеле воглавно од визии во кои што крајот на светот завземал истакнато место и писателите на оваа апокалиптичка литература наговестуваа дека овој свет е во власт на кој друг, ако не на ѓаволот. По нив во старите времиња владееле патријарси и кралеви, но подоцна со земјата загосподарил ѓаволот. Наскоро меѓутоа, царството на ѓаволот (стариот еон) ќе дожиее пропаст, бидејќи доаѓа месијата и носи нов еон -владавина на светлината и правдината.
Наспроти оваа апокалиптична книжевност, книжевноста која ја создаваа рабините многу малце се бавела со демонологија, што е разбирливо, бидејќи ѓаволот во еврејската траидција има многу помал значај отколку во христијанската. Едно од толкувањата е дека сотоната -еден од демоните е воздигнат до положба на лидер, но ова е знак прашалник. Према второто толкување сотоната е персонификација на злата енергија во човекот и неговата природна наклоност према злото. Општа предпоставка е дека сотоната бил уважуван божји слуга кој што се свртел према злото, но не се наведува со што бил инсипириран или мотивиран. Четвротото толкување е дека сотоната е отелотворение на мрачната божја страна, од оној елемент во Јехова кој се чувствува добро. (книга на исус навин 11/10-14). Јегховината сурова природа во претпратеничката еврејска религија е одраз на суровите обичаи на израелците-талкачи, односно освојувачи. Во своето етичко учење пратениците проповедале милосрдие, грижа за сиромашните, осамените и бескуќниците. Упорно пропагирале монетеизам и истакнувале одговорност на поединецот и неговата должност да избегнуваат блуд, пијанство, подметнување и лаги. Со менување на обредните табуа евреите се свртиле кон практична и човечка етика и кон морална одговорност, и така тие измислиле нови теодиции . Една од тие била, дека злото е последица на гревот на човештвото . Отпадништвото на еврејските кралеви и нивните народи од божјите заповеди оличени во заветот , доведува до казнување на тие народи во повеќе наврати. Таквото често казнување на овој „избран народ“ не им било јасно. Тргајќи за одговорот евреите барале друг виновник и за нив потстрекнувач на тоа зло е злиот дух кој имал огромна моќ за разлика од обичните луѓе. На Јахве му се одзема оној дел кој што е разорен, кој што е зол и му се припишува на ѓаволот. Со ова евреите несвесно се усмериле кон дуализам. Од монотеисти и верување во еден Бог , Јахве кој што е семоќен, сега е исклучително добар, бидејќи злото е туѓу на Неговата природа. Да би го објасниле постоењето на злото биле приморани да се свртат кон дуализам и со тоа направиле богохулење, применувајќи преќутен дуализам. Нити сотоната, нити Азазел не биле во почетокот начело на злото, туку тие му се приближиле во апоклиптичната книжевност. Но како еволуирал поимот на начелото на злото сотоната станал се поповрзан со севкупното зло. Во книгата на пророкот Захарија 3:1-2 се гледа дека сотоната е натприродно суштество кое опструира и има непријателство према Исус Навин кој го оптужува пред Бог. Кога се говори за ангелите бунтовници спомнати во книгата на Јубилеј се кажува дека тие се спуштиле на земјата не за да би правеле грев, туку за да го учат човечкиот род да ја заведат правдата. Меѓутоа нивната посесивност кон жените ги наведе на грев и сите нивни дела станале не-дела. Таквите ангели грешни, Господ ги казнува така што ги окова во ланци и ги затвара длабоко во земја, а нивните деца-џини(демони) ги поттикнува на меѓусебна војна во која што се уништуваат. Функцијата на тие зли суштества е да ги скршне луѓето од правиот пат. Во книгата на тајните на Енох, укажува дека ангелите се побуниле од горделивост. Ова укажување е во книгата на пророкот Исаија и дека ѓаволот паднал од небото на земјата. Во книгата Паднатите ангели личат на sвезди кои паѓат од небото. Поистоветувањето на ангелите со звездите не е непознато ни во Стариот завет, а сликите што ги реди Енох укажуваат на тоа дека митот за бунтовниците се поклопува со она во пророкот Исаија. Така четирите идеи кои биле одвоени се стопуваат во една идеа. Прва идеа дека ѓаволот згрешил од алчност. Причината за пропаста на бунтовникот е поради страста .

Comments