Ѓаволот во јудејско-христијанската традиција(Трет дел)





Во еванагелието истерувањето на демоните е основа на војната со сотоната, а со тоа и составен дел на значението на евангелието. Во секој чин на истерување на демоните Исус гледа пораз на сотоната наговестувајќи ја конечната победа која доаѓа, борбата на стариот и новиот еон представува и судир на мракот и светлината и иако е метафоричен тој јазик говори за старата традиционална војна на теминината и светлината, а во Новиот завет ѓаволот е татко и на злите луѓе , злотворите се нарекуваат, ѓаволски синови, синови на ѓаволот(евангелие по јован 8:44), додека јуда кој го издал Исус најчесто се поврзува со ѓаволот, а Лука вели сотона влезе во Јуда (23:3) Во христијанството на основа на кажаното се наведува логичен заклучок дека Бог го избрал исус и му вдахнал свој дух, а сотона го избрал јуда и му вдахнал свој дух. Аналогијата е уште поголема во големата шема на спасението; Бог од самиот почеток знае дека Исус ќе биде спасител, а Јуда издајник и со тоа Исус неможе да страда без издајата на Јуда. Може да се каже дека Бог го избрал Јуда поради улогата. Ѓаволот во Новиот завет е оној кој искушува, лажов, крвник, причина на смрта, магијата и идолопоколнство. Тој на луѓето им нанесува зло и им оневозможува да учат за божјото царство, ги запоседнува и ги наведува луѓето на грев. Дури има и облик на тужител и мачител. Во подоцнежната христијанска традиција која што црпела од Данте и Милтон, сотоната владее и ги казнува луѓето во пеколот и сам во него се мачи , а ниту една од тие работи не е во Новиот завет, каде врските со пеколот се малубројни. Во „септуагинта“ зборот хадес односно еврејскииот збор шео, означува место под земјата каде што борават душите кои до моментот на воскреснувањето се одвоени од телото. Локацијата во Новиот завет не е одредена и е место каде што со вечниот огин се казнуваат грешниците. Во откровение на Јован 20:10 ѓаволот го фрлаат во езеро од оган.

Ако се земат неколку работи ќе останеме збунети заради непрекинато преплетување на различни толкувања на гревот и падот на сотоната и сега еве ги разликите:
1. до падот дошло заради морална грешка.
2. до падот дошла заради алчност и губиток на достоинство
3. до падот дошло заради своеволно сиоѓање од небото.

Друг низ на разлики е врзан за географски елементи на падот:
1. паднал од небо на земјата
2. паднал од земјата или од воздухот во подземен свет.
3 паднал од небото во подземен свет.

Трета нејасна работа е хронолошка. Сотоната паднал:
1.пред Адам во настануањето на светот
2. пред Адам од завист према него.
3. во доба на Ное со бунтовниците
4. во време на доаѓањето на Исус
5. сотоната паднал за време на христовото страдание.

Во Новиот завет постоајат и низа на посредни описи на падот:
1.Кога почнала војната на небото.
Микаило и неговите ангели удриле на ѓаволот и неговите ангели ги фрлиле во бездна со што излегле од подземниот свет да ги мачат луѓето.
2. ангелите паднале дамно пред Адам, бидејќи гревот ги навел да копнеат за ќерките на луѓето исфрлени од небото во подземниот свет. После христовото доаѓање на земјата владее божјесто царство, демоните се уништени, а власта на сотоната е срушена , заправо Исус го победил сотоната со своите маки.
3. со доаѓање на Исус слабее моќта на сатаната, но тој се одржува на власта , меѓутоа Исус повторно ќе се симне на земјата сатаната ќе биде уништен на последниот Суд и осуден на вечно страдание во пеколот.
4. кога по втор пат ќе се симне на земјата Исус ќе го врзе сатаната на 1000 години и кога ќе помината тие 1000 години ќе го пушти повторно да ги лаже луѓето за да потоа повторно биде уништен.

Недоследноста на овие приказни останала ден денеска неразјаснета затоа се развиле во христијанстката мисла разни легенди и доктрини за отфрлање на ѓаволот од престолот, а една битна постапка е дека новиот еон кој на земјата го носи Исус Христос е во вечна непомирлива војна со стариот еон на сатаната. Пред судниот ден пред второто доаѓање на Исус ќе се појави антихрист и ќе го заведе божјиот народ на сите четири страни на светот и антихрист е противник на луѓето и материјалниот свет. Таа фигура на антихрист е потцртана према апокалиптичната книжевност од книгата на пророкот Данил и уште повеќе према непријателите на еврејскиот народ како што биле Нерон и Калигула. Во Јовановото откровение 11:10 со антихристот се поврзани и змејот и ѕверите. Антихристот и два ѕвера најчесто се доживуваат како помошници на сотоната во неговата последна борба со Исус пред Судниот Ден. Во Откровение 19:19 и во откровение 13:11 се вели дека ѕверот од земјата има два рога и исфрла оган како змеј. Зошто баш два рога во овие ѓаволски слики? Па ѓаволот го поврзувале со рогати животни преку богот пан, на кипот на Мојсије , микеланџело му придодал два рога – рогови на моќта, а демоните во Новиот завет се поврзани со голем борој на животни, најбитно дека Исус ги изгонил демоните преку свињи , но потоа можат да се синоним на скакулци, скорпии, леопарди, лавови, мечки, додека ѓаволот е поврзан само со две животни со змијата и лавот.( Откровение 12:9 ). лавот меѓутоа не влегол во иконографската традиција затоа што бил поврзан со Исус и светиот апостол Марко (Откровение 5:5) Апостол Павле ја спомнува змијата како зло која е како искушенија за Ева. Во откровение 20:2 доаѓа до поистоветување на ѓаволот со змија. Во Новиот Завет таа врска на сотоната со змијата нигде не е нагласена. Подоцнежната христијанска традиција ја потврдува, но освен во познатата сцена за рајскиот грев, сотоната ретко се појавува во змиски облик.

Но Сатаната има и можност за трансформација и претварање како што вели Павле:
И не е за чудење: бидејќи
самиот сатана се преобразува во ангел на светлината;

Раздвоениот јазик кој му е придодаден на крајот потекнува колку од неговата улога како татко на сите лаги (Јован 8/44) толку и од неговата врска со змијата. Крилјата кои во подоцнежната традиција се толку силно поврзани со сотоната Новиот Завет не ги спомнува но ги подразбира. Таа моќ потекнува од учењето на евреите за паднатите ангели кои кружат по небото чинејќи разни недела. Ѓаволот, значи, господари со просторот меѓу небото и земјата и крилата стануваат и природен дел од него.
Сатаната не е само главен противник на добриот Господар, туку и владател на сите останати Божји противници.Тие што не ги следат Божјите закони и моралните начела кои се пропишани логично е дека им господари ѓаволот.Во тоа својство се појавува како начело на злото.
Бидејќи Сотоната е противник на добриот Господ , тој е и противник на Исус Христ.
Космосот е растргнат помеѓу светлината и темнината,доброто и злото, правдината и неправдата, духот и материјата.Помеѓу стариот и новиот еон.Помеѓу Бог и сатаната.
Исус ги предводи војските на добрината и светлината, сатаната ги предводи злите сили и силите на темнината.Неговото црнило е поради неговата улога на силите кои војуваат против небеското царство, како и поради неговите врски со подземниот свет во кој е фрлен.
Во Новиот завет црвената е боја која е променлива,но црната симболизира зло.Огромната моќ дадена на сатаната во Новиот Завет е поради две причини.Првин затоа што христијанството кон тоа поучува превземајќи од традицијата на маздаизам, орфизам, хеленистичката филозофија и доцниот јудаизам. Второ , затоа што тие традиции се желно прифатени и зајакнати бидејќи пред се давале одговори кои биле актуелни за тогашната теодиција.Според христијанството светот е полн со страдање, болка, но мисијата на спасување со која веќе дошол Исус и треба да дојде пак, укажуваат дека пак доаѓа да го победи сотоната и силите на мракот, ни укажуваат дека таму некаде постои уште поголема моќ, која на таа болка и страдање и дава полн смисол.

Comments